ИТНО СЕ ОГЛАСИ ХРВАТКАТА ОД КАТАР – НЕМА ДА СЕ СОБЛЕЧАМ ГОЛА АКО ПОБЕДИМЕ

Ивана Кнол тврди дека не дала таква изјава за германските медиуми.

ИТНО СЕ ОГЛАСИ ХРВАТКАТА ОД КАТАР – НЕМА ДА СЕ СОБЛЕЧАМ ГОЛА АКО ПОБЕДИМЕ

Ивана Кнол го демантираше пишувањето на германските медиуми – нема да го соблече горниот дел ако Хрватска го освои Светското првенство. Од Катар стигна веста дека убава хрватска навивачка во разговор со медиумите од Германија ветила дека доколку „огнената“ го освои пехарот ќе се соблече.

Но, дојде до пресврт, бидејќи таа сега итно најави од Мундијалот и на социјалните мрежи порача дека не ја дала таа изјава. „Лажни вести, нема да сум гола ако Хрватска го освои Светското првенство. Благодарам“, напиша Ивана Кнол на својот Инстаграм профил. Таа веќе привлече огромно внимание на натпреварот. Многумина ја напаѓаат поради нејзиниот оскуден начин на облекување, поради што гостувала во една емисија каде поради тоа се расправала со бизнисмен од Катар.

Хрватска се пласираше во полуфиналето на Светското првенство, по подобро изведување пенали го совлада Бразил и обезбеди уште два меча во натпреварувањето. Тоа значи и дека Ивана ќе биде на трибините. Во зависност од исходот од полуфиналето со Аргентина, ќе биде јасно дали „огнените“ ќе играат за пехарот или за третото место.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.