КАДИРОВ ПОДГОТВЕН ДА ИСПРАТИ ВОЈНИЦИ ВО ГАЗА: Ја поддржуваме Палестина, убивањето на цивилите мора да престане, конфликтот може да се претвори во ПОГОЛЕМА ВОЈНА

Лидерот на Чеченија Рамзан Кадиров во понеделникот зборуваше за крвавиот конфликт меѓу Хамас и Израел.

КАДИРОВ ПОДГОТВЕН ДА ИСПРАТИ ВОЈНИЦИ ВО ГАЗА: Ја поддржуваме Палестина, убивањето на цивилите мора да престане, конфликтот може да се претвори во ПОГОЛЕМА ВОЈНА
  • Апелирам до меѓународната заедница барем еднаш едногласно да донесе правична одлука за ситуацијата во Палестина. Апелирам до лидерите на муслиманските земји, формирајте коалиција и ги повикувате оние што ги нарекувате пријатели, Европа и целиот Запад, да не бомбардираат цивили под изговор дека уништуваат милитанти. Ја поддржуваме Палестина. И ние сме против оваа војна, која за разлика од другите конфликти може да се претвори во нешто повеќе – рече Кадиров во пораката објавена на неговиот канал Телеграм.

Кадиров нагласи дека многу добро ја познава ситуацијата во Израел. – Јас лично бев во Израел. Нашата мирна делегација од прва рака доживеа обиди за отворена провокација. Затоа повикувам да престане и војната и каква било форма на ескалација на ситуацијата. Нашите единици се подготвени да дејствуваат како мировни сили за да го воспостават редот и да се спротивстават на сите вознемирувачи доколку е потребно такво нешто – рече Кадиров.

Конфликтот меѓу Хамас и израелската армија трае веќе трет ден. Повеќе од илјада луѓе беа убиени, а најмалку 4.000 беа ранети. Хамас вечерва се закани дека ќе започне со убивање на израелски затвореници доколку Израел не престане со нападите врз цивилни цели во Газа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.