Македонската дива Калиопи вечерва настапува во Домот на млади во Сараево, каде што ја воодушеви публиката со енергичен настап.
Препознатлива по својот раскошен вокал, Калиопи вечерва во Сараево ги изведе своите најголеми хитови.
- Мојсоска: Како секоја власт системски го стимулира насилството врз жените
- СДСМ: ЗНАМ се распаѓа на сите нивоа
- Пријава во Скопје: Малолетничка нападната од мајката, таткото добил закани
- Зеленски потврди дека е постигнат договор со Русија за тридневно примирје
- ВРЕДИ утре на Конгрес за обединување во еден политички субјект
- Трамп: Украина и Русија се согласија на тридневен прекин на огнот
- Никогаш не треба да ги јадете овие намирници на празен стомак
- Швајцарија сака да го ограничи бројот на жители на 10 милиони: Граѓаните излегуваат на референдум во јуни
- Четири „нискокалорични“ намирници кои се лоши за срцето
На музичката дива на сцената и се придружи Жељко Самарџиќ кој со неа ја изведе дуетската песна „Знам“.
Она што особено ги воодушеви присутните е нејзината неверојатна енергија, а пејачката во еден момент воодушевено се спушти меѓу присутните и ги прегрна и со задоволство направи селфи фотографии. Покрај аплаузи и овации, Калиопи доби и цвеќе од публиката.
„Ми недостига Сараево штом знам дека морам да го напуштам… Токму затоа секое враќање во овој град е дар на живот. Сараевската публика не ја доживувам како барана, туку реална. Тоа е публика која има вграден став кон тоа што сака, а што не. Нека се радуваат слободно, затоа што ќе имаме празнична атмосфера! Им подготвувам концерт 10 животи“, изјави пејачката во интервју за Klix.ba. најавувајќи го концертот.
Покрај добрата музика, Калиопи за сараевчани подготви и специјална изложба „Дона“ на сараевската уметница Алма Коњичанин, која ќе можат да ја погледнат за време на концертот и да создадат добро дело.
Имено, изложбата е на продажба, а на иницијатива на Алма Коњичанин и Калиопи, целиот приход од вечерашната продажба на сликите ќе биде дониран на здружение кое ги обединува жените болни од рак.
Инспирација за секоја од 17-те слики се песните на Калиопа, а секоја слика претставува по една песна.
Пронајдете не на следниве мрежи:



