Полицијата започна истрага откако се појави видео на кое се гледа како работник во позната кинеска пиварница уринира во резервоар со состојки.
Застрашувачкото видео од пиварницата Цингтао на социјалните мрежи веќе има десетици милиони прегледи.
- Фицо грмеше од Москва! Брисел се тресе од пораката на словачкиот премиер
- Мојсоска: Како секоја власт системски го стимулира насилството врз жените
- СДСМ: ЗНАМ се распаѓа на сите нивоа
- Пријава во Скопје: Малолетничка нападната од мајката, таткото добил закани
- Зеленски потврди дека е постигнат договор со Русија за тридневно примирје
- ВРЕДИ утре на Конгрес за обединување во еден политички субјект
- Трамп: Украина и Русија се согласија на тридневен прекин на огнот
- Никогаш не треба да ги јадете овие намирници на празен стомак
- Швајцарија сака да го ограничи бројот на жители на 10 милиони: Граѓаните излегуваат на референдум во јуни
Компанијата соопшти дека ја известила полицијата по откривањето на инцидентот, додавајќи дека серијата пиво за која станува збор е запечатена. Цингтао е еден од најголемите кинески производители на пиво и најголем извозник.
На видеото се гледа како работникот, облечен во униформа и носи шлем, се качува преку висок ѕид и влегува во контејнерот пред да уринира во течноста.
ПОЛИЦИЈАТА ПОВЕДЕ ИСТРАГА
Локалните медиуми, пак, неофицијално наведуваат дека снимачот и човекот од видеото не се вработени во пиварницата.
Канцеларијата за надзор и администрација на пазарот во градот Пингду соопшти дека веднаш формирале тим и спровеле истрага. Од пиварницата изјавија дека „даваат големо значење“ на видеото кое кружи на социјалните мрежи, а полицијата започнала истрага.
Корисниците на кинеските социјални мрежи се шокирани од видеото бидејќи контроверзниот бренд на пиво е многу познат во земјата и во странство.
- Мочање кое ќе уништи многу пари! Овој работник овде направи голема штета – гласи коментарот кој доби најмногу лајкови на платформата Веибо.
Ден откако се појави видеото, акциите на пиварницата нагло паднаа кога се отвори Шангајската берза, но подоцна се стабилизираа.
Јавноста неодамна беше шокирана од однесувањето на занаетчиите кои работеа на адаптација на стан во центарот на главниот град! Според станарите од соседната зграда мајсторите мочале од покрив!
Пронајдете не на следниве мрежи:



