Ако сте ги поканиле пријателите на ручек, изненадете ги со овој италијански специјалитет. Печурките се натопени во доматен сос и бело вино, па сето тоа збогатено со бешамел.
Постојат две верзии за правење канелони кои целиот свет ги знае. Едната е со познатиот болоњезе сос, значи мелено месо и црвен сос, а другата е, како што Италијанците ја нарекуваат – верде, односно зелена и која се подготвува со спанаќ и бешамел. Ако сте љубител на печурки, дефинитивно треба да го пробате и овој рецепт.
Канелони со шампињони и пармезан со додаток на милизлива панцета – како од најдобрите италијански ресторани.
Потребни состојки:
1 пакување канелони (16 парчиња)
400 гр шампињони
100 гр панцета
5-6 чешниња лук
150 гр рендан пармезан
малку бело вино
2 дл доматен сос
сол
бибер
мајчина душица
микс од зачини
за бешамелот:
0,3 дл маслиново масло
20 гр брашно
3 дл млеко
мускатно оревче
микс од зачини
Подготовка:
Бешамел сос
На загреано масло пропржете го брашното додека не добие малку златна боја. Тргнете го од оган, па постепено додавајте млако млеко, цело време мешајќи за да избегнете грутки. Вратете го на оган и додека мешате почекајте да зоврие сосот. Додадете вегета и рендано морско оревче.
Канелони
Лукот ситно се сечка и се пржи на масло. Додадете сечкана панцета. Кога ќе замириса, на листовите додајте сечкани печурки. Се динста додека течноста не испари, па се додава малку бело вино. Додадете сол, бибер, мајчина душица и вегета по вкус. Кога сѐ убаво ќе се измеша се додава сосот од домати и ренданиот пармезан. Се трга од оган, се меша и кога ќе се олади се полнат канелоните. Плехот намачкајте го со масло, премачкајте го со малку бешамел, па наредете ги наполнетите канелони. Прелијте ги со подготвениот бешамел. Се пече во загреана рерна на 180-200°C околу 20 минути.