Покрај тоа што секогаш е средена од глава до пети, Каролина Гочева има и беспрекорно чувство за мода, а тоа го покажа и сега.
Имено, пејачката покрај тоа што е музичка, таа е и модна ѕвезда чии комбинации секогаш привлекуваат внимание.
Таа е една од оние дами за кои што велиме дека што и да облечат изгледаат беспрекорно, па дури и кога се во своите „кежуал“ изданија.
Во тоа можевме да се увериме и од нејзиното последно издание кога заблеска во широки фармерки и никого не остави рамнодушен.
Имено, Каролина за отворањето на изложбата на својот сакан се појави во необично издание и го украде шоуто.