– Кина денеска ги предупреди Филипините да не си „играат со оган“ во врска со прашањето за Тајван и да престанат да испраќаат погрешни сигнали до сепаратистичките сили на островот.
- 123 години од смртта на Гоце Делчев – во Владата трибина, во Собранието доделување на наградаНа денешен ден пред 123 години во Баница почина македонскиот… Read more: 123 години од смртта на Гоце Делчев – во Владата трибина, во Собранието доделување на награда
- Делови од Драчево утре без струјаОд ЕВН известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на… Read more: Делови од Драчево утре без струја
- Бесент: САД го зголемуваат економскиот притисок врз Иран, губат стотици милиони долари дневноСАД дополнително го зголемија економскиот притисок врз Иран со блокирање… Read more: Бесент: САД го зголемуваат економскиот притисок врз Иран, губат стотици милиони долари дневно
- Mотоциклиститена удар на полицијата: Казнети над 100 возачи во Скопје, падна и едно приведувањеВчера на подрачјето на Скопје се санкционирани 113 возачи на… Read more: Mотоциклиститена удар на полицијата: Казнети над 100 возачи во Скопје, падна и едно приведување
- Весна Петрушевска со иницијатива за ограничување на социјалните мрежи за децатаАктерката Весна Петрушевска започна иницијатива за собирање 10.000 потписи со… Read more: Весна Петрушевска со иницијатива за ограничување на социјалните мрежи за децата
Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг на редовен брифинг со новинарите рече дека честитките на филипинскиот претседател Фердинанд Маркос до новоизбраниот претседател на Тајван, Лаи Чинг-те сериозно го прекршиле принципот на „една Кина“ и декларацијата за воспоставување дипломатски односи меѓу Пекинг и Манила, јави кинеска новинска агенција.
Мао истакна дека оваа честитка претставува и грубо мешање во внатрешните работи на Кина.
„Кина силно се спротивставува на ова и вложи силен протест до Филипините“, рече Мао, истакнувајќи дека помошник – министерот за надворешни работи Нонг Ронг изутрината упатил демарш до филипинскиот амбасадор во Кина и ја повикал филипинската страна да даде објаснување за честитката на Маркос.
„Изборните резултати во Тајван нема да ја променат основната шема и насока на развој на односите и нема да го запрат општиот тренд на конечно и неизбежно обединување на Кина“, посочи Мао.
Таа му предложи на филипинскиот претседател да чита повеќе книги за, како што рече, правилно да ги разбере деталите за проблемот со Тајван и од тоа да ги извлече вистинските заклучоци.
Пронајдете не на следниве мрежи:



