Кои сцени од порно филмовите жените би сакале да ги пробаат со партнерите?

Сексот пред огледало за многумина е тајна фантазија. Можеби мислевте дека филмовите за возрасни се резервирани само за мажи, но грешите!

„Жешките“ сцени од филмовите често изгледаат тешки за примена во вистинскиот живот или дури и непримамливи, но секогаш може да послужат како инспирација за мали експерименти во кревет.
Ова се сцени од порно филмовите кои жените со задоволство би ги пробале со нивните партнери:

Секс пред огледало
Не постои човек кој барем еднаш во животот не се запрашал како изгледа кога води љубов. Токму затоа идејата за секс пред огледало е толку примамлива. Да го гледате партнерот возбуден секако дека „пали“, но уште повозбудлива може да биде глетката на страстен оргазам, па не двоумете се да си ја исполните оваа фантазија.
Експериментирање со секси играчки
Секс играчките сè уште се табу тема за многу парови. Меѓутоа, жените кои пробале да си играат со вибратор или стимулативен прстен и тоа како знаат колку таква ситница може да ги разгори страстите. Помагалата докажано го подобруваат женскиот оргазам, а кога партнерот ќе ги земе во раце, доаѓа до незаборавна кулминација.

Доминатрикс
Митот дека жените сакаат да бидат пасивни во интимните моменти треба што поскоро да се заборави. Жените сакаат да бидат доминантни во креветот исто како и мажите, па и да преземаат иницијатива и да го контролираат партнерот. Дел од таа фантазија е улогата на доминатрикс што е желба за многу жени.

Секс со врзани очи
Со врзани очи ќе се спречи предвидливоста за време на интимните моменти. Кога не гледате и не знаете на кој дел од телото ќе „слета“ бакнежот или допирот на партнерот, сите ваши сетила се будат во интензивно исчекување.

Секс на јавно место
Главна тема на многу филмови за возрасни. Станува збор за спонтан и огнен секс на зафрлена плажа или некое друго јавно место кое е доволно скриено за да им овозможи на партнерите да имаат експлозија на страст без никој да ја види.

Пронајдете не на следниве мрежи: