Компир ролни со кашкавал и сланина

Состојки
400мл вода
1 кафено лажиче сол
20гр путер
120 гр компир пире во кесичка
1/4 кафено лажиче сув магдонос
150гр сланина
150гр кашкавал
2 јајца
брашно по потреба за валкање
презла по потреба за валкање

Водата ставете ја да проврие додадете сол и путер.
Откога ќе почне да врие додадете го компирот од кесичка и сварете го пирето, а потоа оставете го 15 минути да се излади.
Додека се лади пирето сланината исецкајте ја на ситни коцки и додадете ја во пирето, а потоа и магдоносот.
Смесата поделете ја на 10 дела во секој дел ставете парче кашкавал и формирајте ролна.
Секоја ролна се валка прво во брашно потоа во јајце и на крај во презла .
Се пржат на загреано масло додека добијат убава боја.
На здравје !!!

Loading...