Косовскиот премиер Авдулах Хоти информира вечерва преку својата страница на Фејсбук дека е позитивен на Ковид-19.
Хоти објави дека нема видливи симптоми, освен лесна кашлица, и дека премиерските обврски во наредните две недели ќе ги извршува од својот дом, каде што ќе биде во изолација.
– Денеска го извршив тестот за Ковид-19 и резултирав позитивен. Немам симптоми, освен една мошне лесна кашлица. Од вечерва сум во изолација во наредните две недели. Обврските ќе ги извршувам од дома, напиша Хоти.