Кочанска трагедија – 10 милиони се уште не се распределени од Црвен крст

Поминаа четри месеци од пожарот во кочанскиот диско клуб „Пулс“ и сè уште не се целосно исплатени финансиите што се собираа од граѓаните кои донираа за настраданите во пожарот преку броевите што ги имаше отворено црвен крст. Собрани беа над 159 милиони денари, 149 милиони се распределени, остануват уште десет кои треба да се распределат кај луѓето кои што не биле опфатени во првата евалуација.

За овие четири месеци институциите беа доста критикувани во поглед на недостиг на медистски опрема и помагала, имаше период кога сегашната директорка на кочанската болница а тогаш докторка набавуваше со сопствени средства дел од потребните креми, ластици, и медицински медикаменти, кои што ги немаше во болницата. Додека пак дел од блиските на повредените преку разни герила акции со повик до институциите укажуваа за состојбата во која се наоѓаат повредените од пожарот. Од Црвен крст најавија дека наскоро ќе биде отворен регионален центар за психолошка помош прва помош, за засегнатите од трагедијата.

Пронајдете не на следниве мрежи: