Кој зеленчук треба да го јадеме во февруари?

Loading...

Кога јадете плодови кои се сезонски, односно плодови кои растат во природни услови во одредено време од годината, всушност ги јадете тогаш кога тие се најздрави.
Во текот на февруари побарајте ги следниве зеленчуци:

Рокула
Расте насекаде и е одличен извор на протеини, витамини Б, диетални влакна, витамини А, Ц и К. Исто така богата со фолна киселина, калциум, железо, магнезиум, фосфор, калиум и манган.
Најчесто се користи како салата. Рокула може да биде вкусен и здрав додаток за пица.
Аспарагус
Одличен извор на калциум, цинк, магнезиум и селен. Исто така богата со диетални влакна, протеини, комплекс витамини А, Ц, Е, К и витамини Б и Д. Содржат железо, калиум и манган.
Аспарагусот  може да биде подготвен на различни начини, како на пример супа, салата, гарнир или како ужинка за меѓуоброк .
Цвекло
Богати со витамин Ц, железо и магнезиум. Богат е со диетални влакна, фолна киселина, калиум и манган.
Цвекло може да послужи како салата. Исто така може да се подготвите во супи, сокови или пак колачи.
Брокула
Брокулата е добар извор на протеини, витамин Е, калциум, железо, магнезиум, фосфор и селен. Одличен извор е на витамините А, Ц, К, Б6, фолна киселина, калиум и манган.
Направете супа од брокула или пак тестенини. Брокулата е вкусна и здрав зеленчук кој многу лесно се подготвува.

Прокељ
Еден добар извор на тиамин, железо, магнезиум и фосфор.  Прокељот има чуден вкус, малку горчлив, и затоа на  повеќето луѓе не им е на листата на омилени зеленчуци. Сепак, тој  може да биде вкусен ако е подготвен добро. За  да уживате во здравите придобивки од прокељот, можете  да го направите со  пржени јајца  и сирење, можете да го направите како чипс, пита, на скара или пак потпечен со кашкавал.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24Кога јадете плодови кои се сезонски, односно плодови кои растат во природни услови во одредено време од годината, всуш

loading...