Ananas comosus, или едноставно ананас, е тропско растение со јадлив зрнест плод кој е всушност збир од повеќе зрнести плодови. Припаѓа на семејството бромелии, а потекнува од Јужна Америка. Во Европа го донел Кристофер Колумбо под името индијанска шишарка.
Една од причините е зголемената киселина во желудникот бидејќи ананасот содржи органски киселини кои ја разградуваат слузокожата. Луѓето кои веќе имаат проблеми со желудникот не треба да јадат ананас.
Друга причина се алергиските реакции.
Ананасот е егзотично овошје, нетипично за нашите простори. Затоа често знае да предизвика алергии. Луѓето кои се склони кон алергии, особено децата, треба да јадат ананас во многу мали количини.
Се препорачува возрасните да јадат 100 грама ананас, а децата 50 грама. Ананасот содржи витамини Ц и Б, кои овозможуваат заштита на имунитетот од вирусни и бактериолошки инфекции, како и поддршка на нервниот систем. Ова овошје е богато со влакна, кои се неопходни за чистење на организмот. Освен тоа, ананасот е добар и за спречување на атеросклероза, за разредување на крвта и за спречување на формирање на тромбоза, односно згрутчување на крвта.