Одделението за внатрешни работи Кочани, до Основно јавно обвинителство Кочани, поднесе кривична пријава против С.З.(35) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Пријавениот, во својство на вршител на должноста директор на средно општинско училиште во Кочани, во април 2023 година, спротивно на член 40 став 1 од Законот за јавни набавки, за патување на тим од училиштето на Светското првенство по роботика во Мароко, без да спроведе постапка за јавна набавка, ангажирал туристичката агенција и за услугите ѝ исплатил износ од 296.960 денари и на тој начин овозможил да оствари противправна имотна корист во износ од 296.960 денари.
- Хаос во Германија: Автомобил удри во група луѓе во Лајпциг, беше пријавено дека има мртви и повредениДве лица загинаа, а две се тешко повредени кога автомобил удри… Read more: Хаос во Германија: Автомобил удри во група луѓе во Лајпциг, беше пријавено дека има мртви и повредени
- Володимир Зеленски за парадата во Москва: „Се плашат дека нашите беспилотни летала ќе ги посетат“Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на интересен начин ја коментираше парадата,… Read more: Володимир Зеленски за парадата во Москва: „Се плашат дека нашите беспилотни летала ќе ги посетат“
- Бритни Спирс се изјасни за виновна по обвинението за возење под дејство на алкохолБритни Спирс се изјасни за виновна за возење во пијана состојба.… Read more: Бритни Спирс се изјасни за виновна по обвинението за возење под дејство на алкохол
- РСЕ: Западниот Балкан е нова сцена на конфликт меѓу интересите на ЕУ и САДЗападниот Балкан стана ново место на конфликт меѓу ЕУ и САД,… Read more: РСЕ: Западниот Балкан е нова сцена на конфликт меѓу интересите на ЕУ и САД
- Има 101 година и сè уште работи 6 дена во неделата: „Ќе умрам ако се пензионирам“Ан Анџелети, 101-годишна баба од Њу Џерси, ги надминува сите очекувања.… Read more: Има 101 година и сè уште работи 6 дена во неделата: „Ќе умрам ако се пензионирам“
Исто така, пријавениот, за учеството на тимот на училиштето на светскиот натпревар, без претходно донесена одлука за ребаланс на буџетот од страна на училишниот одбор, за оваа намена од сопствената сметка на училиштето исплатил 735.214 денари, односно 107.714 денари повеќе од прибраните по пат на донации.
Со ваквото дејствие, пријавениот постапил спротивно на член 89-а од Законот за средно образование и член 114 од Статутот на училиштето, со што го оштетил буџетот на средното училиште за износ од 107.714 денари.
Пронајдете не на следниве мрежи:



