Крмов: Гласањето на измените на Деловникот е генерална проба за уставните измени

Гласањето на измените на Деловникот е генерална проба за уставните измени, цели во денешното гостување на ТВ Стар пратеникот на Левица, Борислав Крмов.

– „Во моментов, СДС и ДУИ се додворуваат на ДПМНЕ и тоа почна од измените на Кривичниот законик, со кои се амнестираа функционери на ДПМНЕ. Овие партии се веќе подолг период во КОАЛИЦИЈА. Дури и после лидерските средби, Мицкоски прифати влез на Бугарите во Уставот со некакво одложено дејство. ДПМНЕ веќе го кажа тоа!

ДПМНЕ сега глумат патриоти и нема сега да ги стават Бугарите во Уставот, ама апсолутно ќе ги стават после избори. Народот треба да знае дека ДПМНЕ тоа што го направи со Деловникот е генерална проба за како ќе се внесат Бугарите во уставот. Сите три заедно – ДПМНЕ, СДС и ДУИ!” – истакна Крмов.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.