Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров откри што разговарале неодамна претседателите на Русија и Америка – Владимир Путин и Доналд Трамп, како и кои ќе бидат главните теми на преговорите меѓу двете делегации во Ријад.– Знаете, секогаш кога започнуваме разговори на предлог на нашите партнери, пред сè сакаме да ги слушаме. Претседателите Путин и Трамп, кога разговараа по телефон, се согласија за неопходноста да се остави зад себе апсолутно ненормален период . Tоа се две големи држави кои речиси воопшто не зборувале, освен за некои технички и хуманитарни прашања, рече Лавров.Тој откри на што конкретно се договориле Путин и Трамп.– Претседателите се согласија дека е неопходно да се обнови дијалогот за сите прашања кои на некој начин можат да се решат со учество на Русија и САД. Тие се договорија за решавање на ситуацијата во Украина, ситуацијата на Блискиот Исток, како и други региони во светот кои моментално не се во многу мирна состојба. Така ќе ги слушаме нашите американски соговорници и, се разбира, ќе бидеме подготвени да реагираме – нагласи шефот на руската дипломатија.Преговори меѓу две делегации утре во РијадПреговарачкиот тим на Путин во Ријад се состои од:Сергеј ЛавровЈуриј Ушаков, помошник на рускиот претседател.Американскиот тим за Ријад вклучува:Марко Рубио, државен секретарСтив Виткоф специјален пратеник за Блискиот истокМајк Волц, советник за национална безбедност.
Пронајдете не на следниве мрежи: