Лампард ќе остане во Челзи

Loading...

Погодокот кој Френк Лампард го постигна на пријателскиот натпревар помеѓу Англија и Бразил, на ’Гордиот Албион’ му донесе победа, а нему пресврт во преговорите околу неговата иднина во Челзи.Договорот на Лампард со Челзи истекува по завршувањето на сезоната, а како што пренесува „Daily Mail“, сопственикот на клубот, Роман Абрамович, бил подготвен на играчот да му понуди нов договор.На почетокот од сезоната, рускиот милијардер, порача дека нема намера на играчи постари од 30 години да им нуди повеќегодишни договори (од таа причина Дидие Дрогба замина од клубот), но како стојат работите Лампард го натерал да го смени мислењето.Истиот извор наведува дека во четвртокот завршила првата рунда на преговори помеѓу двете страни, и дека разговорите ќе продолжат и следната недела.34-годишниот Лампард, оваа сезона е еден од најстандардните во екипата на Челзи, а веќе има постигнато 10 погодоци.Инаку, Абрамович веќе го смени мислењето во врска со Ешли Кол, кој до 2014 година ќе го носи дресот на екипата од „Стенфорд Бриџ“, за неделна плата од 200.000 фунти.
MakфаксПогодокот кој Френк Лампард го постигна на пријателскиот натпревар помеѓу Англија и Бразил, на ’Гордиот Албион’ му донесе победа,

loading...
Loading...