Веројатно сте слушнале за тврдењето дека ви се потребни најмалку 8 часа сон за да функционирате нормално. Универзитетот од Пен Стејт тврди дека сепак ви е потребен половина час повеќе ако навистина сакате да се наспиете.
Објаснувањето за 8,5-часовното спиење, според Универзитетот од Пен Стејт, е поради тоа што повеќето луѓе спијат во кревет 90% од времето, па за да се надополни одморот за телото треба да спиете половина час повеќе.
- Бритни Спирс се изјасни за виновна по обвинението за возење под дејство на алкохолБритни Спирс се изјасни за виновна за возење во пијана состојба. Спирс беше… Read more: Бритни Спирс се изјасни за виновна по обвинението за возење под дејство на алкохол
- РСЕ: Западниот Балкан е нова сцена на конфликт меѓу интересите на ЕУ и САДЗападниот Балкан стана ново место на конфликт меѓу ЕУ и САД, оценува Радио… Read more: РСЕ: Западниот Балкан е нова сцена на конфликт меѓу интересите на ЕУ и САД
- Има 101 година и сè уште работи 6 дена во неделата: „Ќе умрам ако се пензионирам“Ан Анџелети, 101-годишна баба од Њу Џерси, ги надминува сите очекувања. Иако треба… Read more: Има 101 година и сè уште работи 6 дена во неделата: „Ќе умрам ако се пензионирам“
- Овој пијалок е „течна смрт“; Кардиологот предупредува: „Само не го пијте, точка“Кардиохирургот д-р Џереми Лондон предупредува дека засладените и газираните пијалоци, кои тој ги… Read more: Овој пијалок е „течна смрт“; Кардиологот предупредува: „Само не го пијте, точка“
- Александра Пријовиќ го запали аеродромот, облечена во облека вредна над 20.000 евра – сè е преполно со луксуз (ФОТО)Пејачката Александра Пријовиќ уште еднаш покажа дека е една од најстилските дами на домашната сцена,… Read more: Александра Пријовиќ го запали аеродромот, облечена во облека вредна над 20.000 евра – сè е преполно со луксуз (ФОТО)
Ако ова е идеалната количина сон, колку спиење е премалку? Дали вашето тело ќе функционира нормално ако спиете многу помалку од предвидените 8,5 часа? Дознајте подолу.
0 часа – Неспиењето е мачење. По три дена без спиење ќе изгубите смисла за случувањата околу вас и телото ќе го затвори мозокот во фаза наречена „микроспиење“. Кога-тогаш, следува смрт. Не го препорачуваме ова.
2 часа – Никој не може вистински да функционира со само 2 часа сон секоја ноќ. Но, кај многумина овие два часа сон се единствената опција во денови и ноќи кога тие се презафатени за да спијат повеќе. Не е препорачливо, освен во посебни околности.
4 часа – Некои политичари, спортисти и бизнисмени тврдат дека четири часа сон им се сосем доволни, но тоа не може да е вистина. Малата количина на сон предизвикува чести промени на расположението, агресивност и зголемена телесна тежина. Четири часа сон не се препорачливи, посебно ако имате одговорна и тешка работа.
6 часа – Поголемиот дел од вработените луѓе спијат по 6 часа во текот на работната недела. Викендот и радувањето на доаѓањето на петок е научно објаснето преку тоа што во текот на работната недела во телото се собира замор, за во сабота телото да се одмори колку што може поради тоа што е слободен ден. Ако ви фали спиење, побарајте слободни денови или пак работете од дома.
8 часа – Општо прифатената временска количина на спиење. Бил Гејтс тврди дека седум часа се доволни, но дополнителен час нема воопшто да ви штети.
10 часа – Тинејџерите треба да спијат повеќе од возрасните – околу 9 или 10 часа дневно. Најголем проблем кај нивниот сон е раното станување за одење на настава во училиште.
Пронајдете не на следниве мрежи:



