ЛОВРЕН СКАПО ЌЕ ЈА ЧИНИ ХРВАТСКА: ФИФА покрена истрага за извиците ЗА ДОМ СПРЕМНИ и песните на Томпсон на Мундијалот

ФИФА отвори постапка против Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС) поради инцидентот на натпреварот за третото место против Мароко на Светското првенство во Катар, француската новинска агенција АФП.

АФП наведува дека ФИФА покренала постапка за „можни прекршувања“ на членовите 13 и 16 од дисциплинскиот законик, кои се однесуваат на дискриминација, односно ред и безбедност на натпреварите. Сепак, ФИФА не ги соопшти сите детали во врска со постапката против ХНС во официјалното соопштение за медиумите.

Сепак, ФИФА цитира видео клип, кој се појави на социјалните мрежи, каде хрватските фудбалери, славејќи ја победата против Мароко, пеат „песни со националистички призвук“. Еден од играчите што се појавува во видеото е Дејан Ловрен , кој за АФП изјави дека тоа се „патриотски песни“ кои само ја нагласуваат „љубовта кон својата земја“.

Да потсетиме, Ловрен заедно со Марсел Брозовиќ го извикуваа усташкиот поздрав „За дом спремни“ и пееја шовинистички песни од Марко Перковиќ Томпсон.

Поради дискриминација, ФИФА ја казни Мексиканската фудбалска федерација со 100.000 и Еквадорската фудбалска федерација со 20.000 швајцарски франци.

На ист начин ФИФА покрена постапка против ФС Аргентина поради недоличното однесување на „гаучосите“ по освојувањето на светската шампионска титула.

Пронајдете не на следниве мрежи: