недела, 15 ноември 2026
Најново

Бајден изјави дека би можел да го победи Трамп доколку останеше во трката

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Американскиот претседател, Џо Бајден, смета дека би можел да го победи поранешниот претседател Доналд Трамп доколку останеше во трката, наместо неговата одлука да се повлече и да ја подржи потпретседателката Камала Харис.

Во интервју за весникот „Ју-Ес-Еј тудеј“ објавено денеска, Бајден рече дека би звучело „претенциозно“ да се каже такво нешто, но смета дека би можел да извојува победа против Трамп, а засновано на резултатите од анкетите. Пред неговата одлука да се повлече, анкетите покажуваа дека тој заостанува зад Трамп.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Запрашан дали има енергија да служи уште четири години како претседател, Бајден, кој е на возраст од 82 години, рече: „Не знам“ и додаде „не планирав да бидам претседател кога ќе наполнам 85 или 86 години“.

-И затоа зборував за предавање на штафетата, рече тој. „Но, не знам. Кој, по ѓаволите, знае? Засега, сè е добро. Но, кој знае како ќе бидам кога ќе наполнам 86 години?“

Поврзани вести