45-годишна жена почина од грип, додека седум пациенти се во болнички кревети. Кај пет од нив е потврдена заразата, а за двајца се уште се чекаат резултати од клиничките испитувања.
Ваков е најновиот биланс на здравствените власти за оваа сезонска болест. Во меѓувреме, расте бројот на новозаразени.
- Делови од Драчево утре без струјаОд ЕВН известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на 4 мај 2026 година (понеделник) без електрична… Read more: Делови од Драчево утре без струја
- Бесент: САД го зголемуваат економскиот притисок врз Иран, губат стотици милиони долари дневноСАД дополнително го зголемија економскиот притисок врз Иран со блокирање на извозот на нафта и финансиските текови,… Read more: Бесент: САД го зголемуваат економскиот притисок врз Иран, губат стотици милиони долари дневно
- Mотоциклиститена удар на полицијата: Казнети над 100 возачи во Скопје, падна и едно приведувањеВчера на подрачјето на Скопје се санкционирани 113 возачи на мотоцикл, од нив четворица поради управување мотоцикл… Read more: Mотоциклиститена удар на полицијата: Казнети над 100 возачи во Скопје, падна и едно приведување
- Весна Петрушевска со иницијатива за ограничување на социјалните мрежи за децатаАктерката Весна Петрушевска започна иницијатива за собирање 10.000 потписи со цел, како што вели, да се стави… Read more: Весна Петрушевска со иницијатива за ограничување на социјалните мрежи за децата
- ОПЕК+ го зголемува производството по излегувањето на ОАЕВодечките земји извознички на нафта во блокот ОПЕК+ објавија планови за зголемување на производството во јуни, неколку… Read more: ОПЕК+ го зголемува производството по излегувањето на ОАЕ
Доктор Стевановиќ од Клиниката за инфективни болести појаснува дека жената која починала имала и други здравствени проблеми, но и не била вакцинирана. Релативно младата почината жена е шестиот пациент во последните недели, кој влезе во „црните статистики“.
Пикот се уште не е достигнат и допрва ќе следи, предупредуваат епидемиолозите. Стручните лица од Комисијата за заразни болести денес се состанаа, но не донесоа никакви мерки туку само препораки.
Идната недела започнува второто полугодие и не треба да стравуваме од одложување, дециден е претседателот на Комисијата за заразни болести.
Во меѓувреме, извештаите на Институтот за јавно здравје информираат и за другите заразни болести присутни во моментов. Засега има само два случаи на голема кашлица.
Вакцината е клучна за најмалите – посебно за оние до две години. Ќе се прегледуваат и здравствените картони на децата. Невакцинираните ќе бидат повикани на вакцинација. Досега против сезонски грип се вакцнирани повеќе од 60.000 лица. Повеќе од 80% од децата се имунизирани против голема кашлица, објави Телма.
Пронајдете не на следниве мрежи:



