Францускиот претседател Емануел Макрон ја посети катедралата Нотр Дам, обновена по пожарот во 2019 година.Францускиот претседател Емануел Макрон денеска дојде во париската катедрала Нотр Дам да го посети реставрираниот познат верски објект кој беше сериозно оштетен од пожарот пред пет и пол години.Макрон беше придружуван од телевизиска екипа по неговата посета.Пред средновековната катедрала тој најпрвин слушаше вовед за нејзината историја, а потоа во придружба на првата дама Брижит Макрон, надбискупот на Париз, министерката за култура и градоначалникот на Париз, влезе во Нотр Дам.Пожарот во оваа готска катедрала од 2019 година беше толку голем што мораа да го изгаснат 600 пожарникари на кои им требаа дури 15 часа за да го локализираат огнениот елемент.Би-Би-Си наведува дека за реставрацијата која била направена во строга тајност биле вложени 700 милиони евра, а во претходните години биле објавени само неколку фотографии од внатрешноста на катедралата.
Нотр Дам ќе биде отворен за јавноста на 7 декември.
Пронајдете не на следниве мрежи: