Малолетници повредени во сообраќајка откако со возило излетале од патот Стримница-Челопек


Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски, информира дека денеска било пријавено оти патничко моторно возило „смарт“ со тетовски регистрации управувано од малолетник од Челопек излетало од коловоз, а во несреќата е повредено уште едно малолетно лице

Двајца малолетници се здобиле со тешки повреди откако со возило излетале од локалниот пат Стримница-Челопек. Сообраќајната несреќа се случила денеска околу 14 часот.

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски, информира дека денеска било пријавено оти патничко моторно возило „смарт“ со тетовски регистрации управувано од малолетник од Челопек излетало од коловоз.

„Во несреќата, возачот и сопатникот во возилото, кој е исто така, малолетник од Стримница, се здобиле со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница“,

информира портпаролот на СВР Тетово.

Пред два дена, малолетник од тетовското село Доброште се здоби со тешки телесни повреди откако управувајќи со четирицикл во сопственост на својот татко, изгубил контрола движејќи се по нивите и паднал. Во несреќата е повреден уште еден малолетник кој, исто така, се возел на четирициклот.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: