Марија (13) од сигурна смрт ја спасил помладиот брат: Ја закопал снегот, а таа веќе изгубила свест и помодрела кога момчето ја нашло

Тринаесет годишната Марија од Херисау, Швајцарија, паднала во снегот кој целосно ја затрупал, а кога ја пронашле нејзиниот 11-годишен брат и родителите, таа била во несвест со помодрено лице.

За среќа помалиот брат брзо реагирал и ја спасил.

Неделковски: Стефковски наследи полна каса и готови проекти за да направи хаос
Дека општина Гази Баба ги живее своите најмрачни три и пол години веќе не е прашање на компарации со некој претходник, туку реалност и факт за кој говорат граѓаните, пишува Влатко Неделковски во објава на Фејсбук. – Бобан …
Неготинец пријавил дека неговиот 74-годишен татко обљубил малолетничка!
Во средата околу 15.20 часот, маж на возраст од 54 години од Неготино, во полициската станица пријавил дека неговиот татко извршил обљуба врз малолетничка. Според пријавата во ОВР Неготино, неговиот татко на возраст од 74 години, ја извршил …

„Марија и Орландо правеа куќа од снег додека ние бевме во домот“, изјави мајката Фиорела за швајцарските медиуми. Во еден момент слушнале како малиот Орландо панично ги довикиува, а кога излегле надвор го затекнале како копа во снегот.

„Тоа беше борба за живот и смрт“, додала мајката.

Заедно успеале да ја пронајдат затрупаната ќерка која веќе имала помодрени усни и била без витални знаци на живот.

Веднаш ја искапеле со топла вода по што 13 годишното девојче почнало да се освестува.

„Марија немаше да биде жива доколку Орландо не реагираше толку брзо. Се можеше да заврши многу лошо“, истакна Фиорела. По оваа случка девојчето доживеало шок, но не морало да оди во болница, па веќе следниот ден била надвор со својот брат и си играла на снегот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.