Спецатино е популарно италијанско јадење кое се состои од евтини парчиња месо – жилаво говедско, јагнешко, овчо или свинско месо. Месото се сече на помали коцки, се посипува со брашно, се пржи со кромид и друг зеленчук и се готви на ниска температура околу три часа додека месото не омекне и може да се исече со вилушка. Ова јадење го добило името по италијанскиот збор „spezzattere“, што значи „исечено на мали парчиња“.
Меко „спецатино“: Рецепт за вкусен италијански гулаш направен од најжилавите парчиња месо
Потребни состојки:
1 кг говедско месо без коски
400 мл месен фонд
200 мл бело суво вино
½ кг сецкан кромид
½ кг пиперки
3-4 чешниња лук
1 ловоров лист
2 грст свеж магдонос
маслиново масло за динстање
брашно
сол и бибер по желба
Начин на подготовка:
1. Во големо тенџере, загрејте малку маслиново масло, а потоа испржете ги парчињата месо исечени на приближно иста големина што претходно треба да ги попрскате со малку брашно.
2. Пржете 10-15 минути или додека да испари целата течност од месото и говедското месо да добие златно-кафеава кора.
3. Прелијте го месото со бело вино и гответе уште десет минути или додека не испари целиот алкохол.
4. Ставете ги сечканиот лук, пиперките исечени на ленти и фондот во тенџере и гответе уште неколку минути. Додајте сол и бибер и ловоровиот лист.
5. Ставете го кромидот исечкан на тенки ленти, покријте го тенџерето со капак и оставете го јадењето да се вари без мешање околу два до три часа или додека месото не стане меко и зеленчукот не се претвори во желатинозен сос.
6. Кон крајот на готвењето, додајте ситно сечкан магдонос во тенџерето. Добар апетит!