Ајде да разговараме со факти…
- И оној рејтинг кој што во моментов го има ВМРО-ДПМНЕ е благодарение на владеењето на Никола Груевски и довербата која ја стекнаа кај гласачите. Поради Груевски голем број граѓани веруваат во капацитетот на партијата да му помогне на народот со проекти како купи куќа купи стана, легализација, трето дете, даночни реформи, бесплатен превоз за студенти, стипендии, субвенции итн.
За потврда е фактот што личниот рејтинг на Христијан Мицкоски на сите анкети е половина од рејтингот на партијата, додека Никола Груевски сам имаше 30 отсто рејтинг, односно за 10 проценти повеќе од рејтингот на партијата.
- Ако Груевски сакаше да го руши Мицкоски имаше 10-тици шанси во изминативе пет години од кој најадекватна беше онаа кога во 2020-та години Мицкоски ги загуби парламентарните избори, а партијата беше на колена и молеше за ново раководство.
Ако воопшто такво нешто поминало низ главата на Груевски немаше неговите статуси да се фокусираат на историја и критики за власта на СДСМ туку истите ќе се фокусираа на Христијан Мицкоски.
- Медиуми под контрола на Мицкоски тврдат дека Груевски контролира пратеници кои самиот Мицкоски ги заколнал на веррност и самиот ги избирал, а во исто време сите претставници на ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека ниту пратеник на партијата нема да гласа за уставни измени со цел внесување на Бугарите во Уставот.
Ако власта сака да го амнестира Груевски за да поминат уставни измени, зошто би го вратила во Македонија пред да се промени Уставот. И за жал на актуелното раководство на партијата, нелогичностите кои ги промовираат не завршуваат тука.
- Ако Груевски сакаше да ја предаде Македонија, македонскиот народ и македонските национални интереси логично ќе беше тоа да го направеше од позиција на премиер, да го промени името, да се договори со Бугарија, да воведе двојазичност и со рејтингот кој го уживаше сето тоа ќе беше лесно продадено ќе поминеше глатко и веројатно и ден денес ќе беше се уште на власт.
Зошто тоа сега би го правел Груевски треба апологетите на Мицкоски сами да објаснат.
- Можеби најголемата нелогичност и енигма за пошироката македонска јавност е делувањето на Мицкоски во изминатите две години од кога победи на локалните избори иако мора да се потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ имаше историски најниско ниво на гласови, односно околу 280 илјади освоени гласови.
Да не заборавиме дека овие 280 илјади гласови, Мицкоски ги доби со поддршка од Левица која тежеше повеќе од 30-тина илјади гласови, Данела Арсовска донесе околу 30-тина илјади гласови повеќе од гласовите кои ги доби советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ за градот Скопје, Стевче Јакимовски само во Карпош освои околу 10 илјади гласови, а екс-премиерот Никола Груевски и цела негова структура апсолутно одработија за победа на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори.
- На само шест месеци пред претседателски и некој месец повеќе пред парламентарни избори Мицкоски откако целосно го разби опозицискиот блок сега работи и на разбивање на ВМРО-ДПМНЕ, односно внатрепартиска поделба на Мицковисти и Груевисти што е рамно на политичко самоубиство во овие моменти.
Да не заборавиме дека СДСМ ќе настапува многу веројатно заедно со Алијанса и ДУИ и на претседателски и на парламентарни избори што пак значи дека во 08:00 Мицкоски ќе губи со повеќе од 400 илјади гласови кои ќе треба да ги надокнади до 19:00 часот што единствено му успеа на Никола Груевски кој своевремено победуваше со 450 и 470 илјади гласови на парламентарни избори.
Арно ама сега е скаран и со Никола Груевски…
И вчера веќе почна подготвувањето на алиби, а тоа е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на своите позиции „кои и да се тие“ макар и да не дојде на власт, што значи дека полека ама сигурно Мицкоски се подготвува за пораз.
Вчера слушав некои колеги кои тврдат дека кавгата со Груевски му била од корист на Мицкоски, и навистина не знам дали да се смеам или да плачам. ДУИ, Алијанса и СДСМ заедно имаат вкупен рејтинг од над 24 отсто што е 450 илјади гласови на излезеност од отприлика милион гласачи. Очигледно само на македонската политичка сцена можат да опстојат сериски политички самоубици. Во чиј интерес работат само времето ќе покаже, фактот останува дека губи ВМРО, губи опозицијата, губи Македонија…
Пишува Милош Милошевски на Фејсбук – новинар на Инфомакс.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.