Мињон торта – богата торта со две глазури

Погледнете го овој рецепт како да ја направите оваа торта со црна и бела глазура.
Мињон торта – богата торта со две глазури
Потребни состојки:
12 јајца
600 грама шеќер
150 грама мелени ореви
150 грама мелени бадеми
150 грама мелени лешници
3 лажици брашно
1 чаша млеко
1 кесичка ванилин шеќер
250 грама путер
50 грама црно чоколадо
За глазура:
100 грама црно чоколадо
100 грама бело чоколадо
6 лажици масло
Начин на подготовка:
За првата кора изматете 4 белки, постепено додавајќи 120 грама шеќер, а потоа внимателно измешајте 150 грама мелени ореви и 1 лажица брашно.
Ставете ја смесата во тава која претходно ќе ја премачкате со масло и ќе ја посипете со брашно или ќе ја обложите со хартија за печење. Печете на температура од 180 °С, околу 20 минути.
Направете ја втората кора на ист начин, но наместо ореви, се додаваат само лешници.
Третата кора е иста како претходните, наместо ореви се додаваат бадеми.
За филот изматете 12 жолчки со 240 грама шеќер, чаша млеко, ванилин шеќер и варете ја смесата додека не згусне.
Кога ќе се олади, додајте го путерот.
Поделете го филот на два дела и ставете 50 грама растопено чоколадо во едниот дел.
Филувајте ги корите со темен и светол фил, а потоа наизменично прелијте ја целата торта со црна и бела чоколадна глазура.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.