Модерното родителство ќе создаде генерација на себични и некултурни деца!

Јас сум во суштина оптимист. Верувам дека сѐ може да се реши и дека нема потреба од драми без никаква основа. И токму затоа морам да кажам дека модерното родителство има сериозни проблеми, а се надевам дека ќе читате многу внимателно.
Во оваа приказна кој е родител, зошто сѐ мора да биде по нивно? Никој не вика дека мора постојано да наредувате, но не треба себеси да си создавате дополнителни оптоварувања со тоа што ќе им дозволувате буквално сѐ. Запрашајте се каква лекција им давате на тој начин. Ги учите дека секогаш ќе го добиваат тоа што го сакаат, само ако го посакаат. Но, дали е навистина така?


Кога децата се однесуваат лошо, родителите често се наклонети да ги оправдуваат со зборовите: „такви се сите деца“. Верувајте дека не е така. Децата се во состојба да направат многу повеќе од очекуваното, без оглед дали се работи за манири, почит кон постари, самоконтрола или великодушност. Мислите дека децата не знаат да седат пристојно во ресторан? Или дека знаат самите да си ги соберат играчките? Тоа е глупост, затоа што единствената причина поради која мислите дека не знаат и не можат е затоа што не сте им дале можност да научат. Кренете ги малку очекувањата и ќе видите за што се способно и што сѐ можат да направат.
Го изгубивме чувството дека и другите учествуваат во процесот на воспитување на нашите деца. Порано тоа беа и наставниците, пријателите, другите родители со чии деца се дружат нашите деца. А одеднаш, денес сите нешто се возбудуваме кога некој друг ќе каже нешто за нашите деца. Ги поддржуваме само оние го поддржуваат нашиот начин на воспитување, иако не значи и дека навистина е добар. Мислиме дека само ние имаме ексклузивно право да влијаеме на нивниот раст и развој.


Прекрасно е тоа што ги имаме сите можни технолошки достигнувања кои ни го олеснуваат секојдневието. Можеме да нарачаме храна кога ќе се вратиме уморни од работа, да ја провериме сметката во банка. Сѐ тоа е импресивно, но има и свои маани. Децата треба да се учат да бидат трпеливи, а во опкружувањето во кое сѐ е достапно, тоа е речиси невозможно. Ако мислат дека храната се подготвува за три минути, тие никогаш нема да посакаат да научат да готват, ниту да сфатат која е разликата помеѓу подготвена храна во која се вложило време и труд, од храната која ни ја доставуваат. Затоа и вие како родители треба да им објасните кои се предностите и препреките во животот. Како и технолошките, така и секојдневните. Објаснете им кои се предностите од чекањето и трпението.
Одеднаш сите ваши потреби не се примарни, што донекаде е и очекувано. Меѓутоа, веќе не се ни на второ место, а единствено нешто што знаете е дека тие се на прво место. И јас се залагам за тоа дека децата треба да бидат на прво место, но без целосно да се занемарите себеси. Тоа толку често се случува што мајките 100 пати стануваат од кревет за да ги исполнат желбите на своите деца. Тоа го прават и татковците. Не постои ништо лошо во тоа понекогаш да кажете НЕ. Постојат ситуации во кои едноставно е сосема оправдано да кажете НЕ и да им објасните зошто велите НЕ. Без оглед на тоа колку сакате да им удоволувате, треба да знаете дека е сосема океј да си удоволите и на себе.
Се плашам дека доколку не почнеме да ги исправаме овие грешки, иднината ќе ни ги покаже вистинските последици. Децата ќе пораснат и ќе станат себични, нетрпеливи и некултурни возрасни личности. И тоа нема да биде нивна грешка, туку наша. Затоа, ве молам, борете се повеќе. Не се исцрпувајте себе. Дозволете им да се развиваат и подгответе ги на тоа дека треба да бидат успешни во вистинскиот свет кој сте го создале за нив, но морате да ги пуштите да научат сами.