Кејти Холмс на доделувањето на наградите „American Australian Association Art Awards“ во Њујорк, дошла во издание кое било апсолутен промашај.
Долгиот бел фустан на актерката ѝ го открил едното рамо, од кое се гледала прерамката од црниот градник.
Фустанот бил долг, а Кејти под него носела црни чорапи и сандали.
Кејди со овој стајлинг ги прекршила модните правила – црна долна облека не се носи под бели и светли комбинации, и хулахопки никако не се носат со сандали.
Додека едни ја критикувале, други нејзиниот стајлинг го нарекле оригинален и храбар, а носењето хулахопки на сандали го објасниле како храброст да ги прекрши постоечките модни правила.