Без разлика дали планирате да одите на кафе во центарот на градот или да одите на патување, патиките се логичен, удобен, а во последно време и многу тренди избор за вашите комбинации.
Патиките доаѓаат во безброј различни бои, модели и дезени со кои можете да бидете сигурни дека ќе ги искомбинирате на својствен начин и дека ќе пронајдете дизајн кој ќе го нагласи важиот одважен, минималистички, романтичен или рокерски стил.
Додека временските услови сè уште дозволуваат, тие се идеална алтернатива на рамните чизми и моден додаток кој вешто кокетира со џемперите, кожните јакни и кадифените парчиња.
Дека тие можат одлично да изгледаат и во комбинација со вашето омилено сако, маица со порака, елегантна кошула, предимензиониран џемпер, здолниште, фармерки, но и фустан на преклоп докажуваат и следните изданија на овие блогерки.
Затоа, “фрлете се” на прегледување на овие есенски комбинации во продолжение и пронајдете ја вашата модна инспирација:
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.