Европските берзански индекси пораснаа во четвртокот, поттикнати од растот на цените на акциите на Volkswagen и телекомуникациската групација Vodafone, а во фокусот и натаму се очекувањата дека Европската централна банка ќе ја поттикне економијата.Лондонски FTSE порасна за 0,09 отсто на 6.437 поени, франкфуртски DAX беше во плус 0,64 отсто, на 7.808 поени, додека париски CAC се зголеми за 0,17 отсто, и изнесуваше 3.849 поени.Германскиот производител на автомобили Volkswagen доби на вредност 1,4 отсто откако објави дека се надева на закрепнување во втората половина од годината.Трговците и инвеститорите напоменуваат дека берзите ги поттикнуваат очекувањата од нови мерки за поттик на ЕЦБ во обид да ја поттикне економијата на еврозоната, како и можно намалување на каматните стапки.„На мислење сме дека нема да биде сведоци на реприза на изминатите години кога април беше кулминација. Овој пат акциите немаат добра поддршка“, вели Мислав Матејка, стратег во JP MorganЦената на акцијата на Vodafone порасна 2,3 отсто врз основа на новите показатели дека американскиот партнер Verizon би можел да преземе целосна контрола над заедничките инвестиции во Verizon Wireless.Слабите деловни резултати на компаниите наведоа некои нови инвеститорите на внимателност. Шпанската банка Santander загуби на вредноста четири отсто, додека Unilever се намали за 2,1 отсто.
макфаксЕвропските берзански индекси пораснаа во четвртокот, поттикнати од растот на цените на акциите на Volkswagen и телеком