Комитите од Али Експрес осум години еден филџан не фрлија во Собрание, пишува на Фејсбук генералниот секретар на Левица, Јована Мојсоска, коментирајќи ги денешните настани во Собранието.
– За тие што не им е јасно…
Антимакедонското трио ДПМНЕ-ДУИ-СДС заеднички гласаа ПРОТИВ предлогот на Левица да се тргне точката за Деловникот од дневен ред. Со ваквото гласање, овие три аждаи го УКИНУВААТ ФИЛИБАСТЕРОТ и секоја опозиција во иднина ја сведува на ФАРСА!
Само двајца пратеници на Левица покажаа ПРКОС и достоинство. Осум години во опозиција, комитите од али експрес еден филџан не фрлија додека пред нивни очи и со НИВНО СОУЧЕСТВО се рушеше македонизмот.
Денес ДПМНЕ по не знам кој пат докажа дека е подеднаков учесник во разнебитувањето на македонската нација. Денес ДПМНЕ докажа дека ЛАЖЕН ПАТРИОТ Е ПООПАСЕН И ПОШТЕТЕН од отворен предавник.
И нема договор, ниту компромис со оние за кои Републиката е калкулација! – напиша Мојсоска на Фејсбук.