Мраморен колач

Loading...

3 јајца
250 г шеќер
400 г брашно
250 г маргарин
125 мл млеко
2 лажици какао
1 ванилин шеќер
1 прашок за печиво
прстофат сол
2 лажици шеќер
Маргаринот и шеќерот изматете ги пенасто. Едно по едно додадете ги јајцата, посолете и додадете го ванилиниот шеќер. Убаво изматете и додадете ги млекото, брашното и прашакот за печиво. Во намрсен и набрашнет калап куглоф ставете 2/3 од смесата.
Преостаната смеса измешајте ја со какаото и 2 лажици шеќер. Смесата со какао распоредете ја врз светлата смеса во калапот и со виљушка боцнете на неколку места. Печете 40 минути на 200 степени.

loading...