4 модри патлиџани
1 ½ кг домати
500 г парчиња сирење
5 пиперки исечени на парчиња
3 исечени главици кромид
2 лажици исечен магдонос
5 исечени чешниња лук
1 лажица сув зачин
масло, сол и мелен црн пипер
На масло испржете го кромидот. Додадете ги пиперките и запржете ги.
Модрите патлиџани исечете ги на кругови, посолете ги и исцедете ги.
Во тава за печење наредете половина од круговите модри патлиџани. И доматите исечете ги на кругови и половина наредете во тавата. Нанесете магдонос, црн пипер, лук и сирење. Додадете ги пиперките со кромид. Потоа повторно наредете кругови модар патлиџан и домати. Посолете, и наросете црн пипер и сув зачин. Прелијте со вода и печете ја мусаката 70 минути на 200 степени.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.