Намирниците коишто се добри за срцето содржат хранливи материи кои му помагаат на кардиоваскуларниот систем или го намалуваат ризикот од развој на срцеви заболувања со намалување на лошиот холестерол и триглицериди во крвта, го намалуваат крвниот притисок и ја контролираат телесната тежина.
Омега 3 масни киселини, калциум, калиум, магнезиум, влакна и антиоксиданти се најважни за здравјето на срцето, па затоа медитеранската диета е најдобар извор за оние коишто сакаат да го подобрат здравјето на срцето.
Јаткасти плодови, мешункасти плодови, млечни производи можат да го намалат ризикот од кардиоваскуларни заболувања, се наведува во студијата објавена во Journal of the American College of Cardiology.
Кои намирници се сметаат за најлоши за здравјето на срцето?
На списокот се хотдог, кечап, сол, дресинг за салата, овесни снегулки, чоколадо, месен нарезок. Потоа, тука спаѓаат и пржено пилешко, помфрит, чипс, јогурт со вкус.
На листата се и маргарин, печива, црвено месо, бел леб, ориз, енергетски пијалаци, газирани сокови и алкохол.