Според Пентагон, американски воен брод и неколку комерцијални бродови биле нападнати во Црвеното Море.
Ново пукање во Арачиново, неофицијално двајца луѓе се ранети
Нов инцидент со огнено оружје се случил вечерва во скопското село Арачиново, објави ТВ21, а според информациите на телевизијата, повредени се двајца. Пред десетина дена исто така …
Вучиќ: Македонски државјанин е меѓу загинатите во Нови Сад
По повод трагедијата во Нови Сад, во која според досегашните информации загинаа 14 луѓе, кога се урна дел од настрешницата на пероните на Железничката станица, се огласи …
„Свесни сме за извештаите за напади на УСС Карни и комерцијални бродови во Црвеното Море и ќе обезбедиме информации штом ќе станат достапни“, соопшти Пентагон.
Британската Армија, да потсетиме, претходно објави дека имало напад со дрон и експлозии во Црвеното Море, но без детално објаснување.
Пентагон се уште не соопштува кој стои зад нападот.
Да потсетиме, јеменските бунтовници Хути извршија серија напади врз бродови во Црвеното Море и лансираа беспилотни летала и проектили кон Израел по почетокот на конфликтот во Појасот Газа.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.