Либанскиот Хезболах денеска соопшти дека извршил напад со беспилотни летала и ракети врз воените бази во Тел Авив и на југот на Израел, објави Франс прес.Опишувајќи ја како сложена операција, проиранската организација изјави дека истрелала „серија од ракети и лансирала роеви беспилотни летала“ врз воената база во Тел Авив.
Hezbolá lanza ataques desde Líbano hacia Tel Aviv 🇱🇧❌🇮🇱💥. La ciudad de Tel Aviv se encuentra bajo fuego, según reportes. La situación es tensa en la región. #Líbano #Israel #ConflictoMedioOriente @SEPAHCYBERY pic.twitter.com/xvc0bNP9Gn— Leila – ليلى (@PalestineLeila) November 24, 2024
На едно видео се гледа како ракета погодува станбена зграда во Хаифа.
Footage shows the moment a Hezbollah missile hit a building in Haifa, northern occupied Palestine. pic.twitter.com/06AY9A4RxA— Jafaria TV English (@JafariaTvEng) November 24, 2024
Во посебно соопштение се додава дека беспилотните летала со експлозив биле лансирани во поморската база во Ашдод во јужен Израел.Израелските медиуми објавија дека сирените се огласиле во централниот дел на Израел додека од Либан биле истрелани ракети со долг дострел, додавајќи дека израелската војска ги проверува деталите.
🔻Hezbollah missiles hit Petah Tikvah and Haifa near Tel Aviv.#Lebanon #Hizbullah#TelAviv F-35AfraSaraçoğluBurak MengüŞabanBülent UygunBirol Aydın #HalkAçSandıkŞart pic.twitter.com/mPg5tVI0AK— Marian Delhin (@DelhinMarian) November 24, 2024
Подоцна беше објавено дека околу десет ракети биле истрелани од Либан кон централен Израел, а неколку биле пресретнати. Засега нема извештаи за можни повредени.Малку порано, како одговор на тврдењето на Хезболах дека поморската база во Ашдод на југот на Израел била цел на беспилотни летала во 9:00 часот, беше објавено дека во тој момент не се слушнале предупредувања од беспилотни летала, ниту во близина на границата со Либан во северот, ниту во близина на Ашдод, и дека војската не знаела за тоа.
🇱🇧⚔🏴☠🇺🇸 The occupation soldiers flee to shelters in Tel Aviv due to the rocket barrage from Lebanon pic.twitter.com/RqvXfriOwK— Military Observer (@MilitaryObs2222) November 24, 2024
Сирени се слушнаа во Хаифа и северните градови на Израел. Пред тоа, сирените беа активирани во Тел Авив и околните градови и населени места.