Вооружените сили на Русија денеска околу 12 часот по средноевропско време спречија нов напад на Крим. Обид за напад со ракети со авијација.
Руските системи за противвоздушна одбрана соборија две ракети над Црното Море, во близина на западниот брег на полуостровот, соопшти руското Министерство за одбрана. Малку подоцна Министерството за одбрана на Руската Федерација додаде дека била соборена уште една ракета.
Од Министерството наведуваат дека се работи за обид за терористички напад.
- Бритни Спирс се изјасни за виновна по обвинението за возење под дејство на алкохолБритни Спирс се изјасни за виновна за возење во пијана состојба. Спирс… Read more: Бритни Спирс се изјасни за виновна по обвинението за возење под дејство на алкохол
- РСЕ: Западниот Балкан е нова сцена на конфликт меѓу интересите на ЕУ и САДЗападниот Балкан стана ново место на конфликт меѓу ЕУ и САД, оценува… Read more: РСЕ: Западниот Балкан е нова сцена на конфликт меѓу интересите на ЕУ и САД
- Има 101 година и сè уште работи 6 дена во неделата: „Ќе умрам ако се пензионирам“Ан Анџелети, 101-годишна баба од Њу Џерси, ги надминува сите очекувања. Иако… Read more: Има 101 година и сè уште работи 6 дена во неделата: „Ќе умрам ако се пензионирам“
- Овој пијалок е „течна смрт“; Кардиологот предупредува: „Само не го пијте, точка“Кардиохирургот д-р Џереми Лондон предупредува дека засладените и газираните пијалоци, кои тој… Read more: Овој пијалок е „течна смрт“; Кардиологот предупредува: „Само не го пијте, точка“
- Александра Пријовиќ го запали аеродромот, облечена во облека вредна над 20.000 евра – сè е преполно со луксуз (ФОТО)Пејачката Александра Пријовиќ уште еднаш покажа дека е една од најстилските дами на домашната… Read more: Александра Пријовиќ го запали аеродромот, облечена во облека вредна над 20.000 евра – сè е преполно со луксуз (ФОТО)
Гувернерот на Севастопол, Михаил Развозаев, на Телеграм објави дека ракета била отфрлена во близина на Севастопол, главниот пристанишен град на Крим и базата на руската Црноморска флота.
Гувернерот на Херсонската област Владимир Салдо исто така изјави дека над тој регион биле соборени два проектили на вооружените сили на Украина, кои биле испратени на Крим. Прогласена е ракетна закана на територијата на областа.
Во меѓувреме, податоците на познатиот веб-сајт „Флајтрадар24“ покажуваат дека непознат авион на американската морнарица летал во близина на западниот брег на Крим за време на украинските напади на полуостровот, пренесува ТАСС.
Авионот, како што се наведува, летал на оддалеченост од околу 250 километри од брегот во воздушниот простор на Романија, над Црното Море.
Траекторијата на авионот открива дека авионот го започнал својот лет на Сицилија, во близина на американската база во Сигонела.
Да потсетиме, денеска во истите часови украинската армија изврши напад на Доњецк, во кој животот го загубија најмалку 25 лица, а 20 се ранети.
Пронајдете не на следниве мрежи:



