Направете детоксикација на вашиот организам: Ова се 10-те најважни намирници

Loading...

Постојано сте под стрес? Не се храните здраво? Тогаш ова е вистинското време да го исчистите вашиот организам, користејќи здрави намирници.
Ова се 10-те намирници кои ќе ви помогнат брзо и ефикасно да направите детоксикација на вашиот организам:
Цвекло – богато со витамини B, C и бета каротин.
Алги – моќен антиоксиданс кои го подобрува дигестивниот систем ипомага да се исфрлат штетните материи од организмот.
Ленено семе – ќе ги најдете во био продавниците, а имаат влакна неопходни за чистење на организмот.
Лимон – докторите советуваат дека лимонот е најдобро да се зема наутро за време на појадокот.
Лук – можеби не ви се допаќа миризбата, но ова е најздравото нешто, ги отстранува сите вируси, бактерии и го јакне имунитетот.
Артичоки – овој зеленчук ја подобрува работата на црниот дроб и на бубрезите.
Ѓумбир – тајната на кинеската кујна и долговечноста е откриена, ѓумбирот е сјаен за варењето храна и за здравјето на вашиот црн дроб.
Јаболко – велат дека ако јадеме едно јаболко на ден ќе бидеме здрави секој нареден. Не е далеку од вистината, бидејќи јаболките се богати со витамини, минерали и влакна.
Никулци – особено се препорачуваат оние од брокула кои се исклучително добри во чистењето на организмот од токсини.
Чај – секаков чај е добар за прочистување на вашиот организам.

loading...