НАЈВКУСНИОТ ДЕСЕРТ НЕКОГАШ Чоколадна торта која се топи во устата

Направете вкусно задоволство со само три состојки.Највкусната и најубава чоколадна торта е оваа, се прави толку лесно, што штом ќе ја пробате, постојано ќе ѝ се враќате.

Ќе ви требаат бисквити, јогурт и чоколадо и помалку од петнаесет минути за подготовка.

Состојки:
400 гр чоколаден бисквит
200 мл јогурт
300 гр млечна чоколада

Подготовка:
Изблендирајте го чоколадниот бисквит, па мелениот бисквит измешајте го со јогуртот и убаво измешајте.
Половина од смесата убаво истиснете ја во калапот, па прелијте ја со половина од растопената чоколада.
Потоа притиснете ја втората половина од смесата со бисквити во круг со ист дијаметар, па извадете го обрачот и ставете го преку чоколадниот фил.
Прелијте го со преостанатиот чоколаден фил и посипете со мелени бисквити.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.