Најгрдите влечки на светот само што добиле и нова намена и креација, а станува збор за крокс чанта. Бренд Pizzaslime ги трансформираше влечките во чанта за преку рамо.
Моментално е достапна во две бои и тоа во жолта и црна боја, а секоја чанта има простор за складирање во која обично влегува стапалото. Моментално е во продажба ограничена серија од 25 модели кои чинат по 300 долари.
Од компанијата издадоа соопштение дека со месеци вложувале многу труд и пот во развој на нешто ново и несекојдневно, производ кој претходно не бил достапен ниту познат.
Ова не е првпат крокс да се “уфрлат” во светот на модата иако прво биле дизајнирани како влечки за болничкиот персонал и за во двор. Во 2016 година се појавија на модната писта.
Влечките од своето прво појавување поминаа низ многу трансформации, па така добиле крзно и циркони, племенити метали и скапоцени камења. Ќе останат запомнети по тоа што се распродадоа во рекорден рок.
Новите чанти влечки ја воодушевија јавноста и изгледа дека се воведува некој нов тренд во носењето и дизајнирањето на чанти.