Најдобрата идеја за овие топли денови: Направете си совршен сладолед од лубеница

Loading...

Потребно ви е: 700 грама лубеница и 250 мл јогурт или кондензирано млеко.
На тавче или на послужавник ставете хартија за печење, па исечената лубеница распоредете ја на хартијата.
Потоа ставете го садот во замрзнувач да отстои лубеницата три часа. Половина од лубеницата ставете ја во блендер и блендирајте додека не добиете мазна смеса.
Потоа додадете го јогуртот или кондензираното млеко. Потоа додадете го и остатокот од замрзнатата лубеница и повторно блендирајте.
Смесата ставете ја во соодветен сад за замрзнување и вратете ја во замрзнувач уште 2-3 часа.
Потоа сервирајте и уживајте.

loading...