Рамниот и цврст стомак е сон на секоја жена, а со овие едноставни вежби можете многу лесно да ги дефинирате стомачните мускули.
За вежбите да бидат ефикасни, а резултатите видливи, најпрвин е неопходно да ја редуцирате и избалансирате вашата исхрана. Преку вежбањето ќе ги дефинирате мускулите, но салото во пределот на стомакот се елиминира исклучиво со правилен избор на намирници.
Фитнес инструкторите и нутриционистите велат дека е многу важно да се внесува голема количина протеини кои се наоѓаат во месото, сирењето, кефирот, киселото млеко, како и многу зеленчук и помалку јаглехидрати. Единствено во тој случај ќе ги истопите масните наслаги од стомакот.
Кога ќе ја редуцирате исхраната, вежбите ќе ви помогнат да ги зацврстите и тонирате мускулите.
Во видеото во продолжение ви претставуваме 10-минутен тренинг кој има за цел да ја активира стомачната регија. Доколку ги правите овие вежби 5 пати неделно, веќе за еден месец можете да ги очекувате првите резултати – погледнете: