Најубави се по стариот, бабин рецепт: Домашни ванилици со џем од кајсии – се топат во уста

Нашите баби често правеа едноставни колачи кои ги сакаа сите членови на семејството. Еден од нив се ванилиците, кои буквално се топат кога ќе ги ставите во уста.
Еве што ви е потребно за да ги подготвите највкусните бабини ванилици.

Состојки:

  • 200 грама масло;
  • 4 лажици шеќер;
  • 1 жолчка од јајце;
  • 1 јајце;
  • сок од еден лимон;
  • рендана кора од лимон;
  • 100 грама мелени ореви;
  • 400 грама брашно;
  • шеќер во прав;
  • џем од кајсии.

Подготовка:
Изматете го маслото додека не стане пенасто заедно со шеќерот. Потоа додадете ја жолчката, целото јајце, сокот и ренданата кора од лимон.
Кога сè добро ќе измешате, додадете го брашното и замесете тесто.
На работната површина истурете малку брашно, па развлечете го тестото дебело еден сантиметар.
Исечете кругови со кружен калап или чаша.
Наредете ги во плех премачкан со масло и печете на 180 степени 15 минути.
Печените ванилици премачкајте ги со џем и соединете ги две по две, па валкајте ги во шеќер во прав.
На здравје!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.