На денешен ден Бугарскиот окупатор испрати 7.144 Евреи од Македонија, во логорот на смртта

Еврејската заедница во Република Македонија (ЕЗРМ) и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија денеска одбележуваат 81 година од холокаустот на 7144 македонски Евреи, кои на 11 март 1943 година од Скопје, Битола и Штип, бугарските фашисти  ги  депортирани во логорот Треблинка.
Централната комеморативна активност ќе се одржи со оддавање почит пред Споменикот на 7144 депортирани Евреи од земјава во скопскиот Монопол. Како што е најавено, цвеќе ќе положат и ќе се обратат претседателот Стево Пендаровски, техничкиот премиер Талат Џафери, претседателот на ЕЗРМ Пепо Леви и амбасадорката на Израел во нашата држава Симона Франкел.

Да не се заборави за никогаш да не се повтори. Македонија им оддава почит на 7.144 Евреи кои на денешен ден во 1943 година од тогашниот бугарски окупатор биле собирани за да се транспортираат на пат кон концентрациониот логор на смртта Треблинка од каде никогаш не се вратиле.
За извршување на ова масовно злосторство тајните агенти и полицијата неколку дена вршеле обемни подготовки. Недвижните имоти на Евреите бил конфискувани, а покуќнината ограбена.
Откако сите Евреи, од Скопје, Битола, Велес, Штип и од други места, биле собрани во Монополот во Скопје, на 22 март биле транспортирани во германскиот фашистички логор „Треблинка“ на територијата на Полска.
. Централната комеморативна активност ќе се одржи со оддавање почит пред споменикот на депортираните евреи во кругот на поранешниот скопски монопол каде свежо цвеќе ќе положи државна делегација.

Пронајдете не на следниве мрежи: