Според психолозите, сочувството кон себе ни помага да бидеме посигурни. Доколку секојдневно изразуваме љубов кон себе, ќе можеме објективно да ги видиме нашите погрешни чекори и ќе ги научиме лекциите од нашите грешки.
Еве на кој начин можете да искажете повеќе љубов и разбирање кон себеси.
Зборувајте со себе како со дете
Анализирајте го моментот кога зборувате со себе со критички тон, користејќи изјави како што се „Толку си глупав/а!“ или „Зошто си толку глупав/а?“. Запрашајте се дали би сакале така да разговарате со вашето 5-годишно „јас“. Запрашајте се дали вашето 5-годишно „јас“ би се чувствувало охрабрено или поразено доколку некој би му зборувал на тој начин. Размислете дали постои пољубезен начин на кој можете да зборувате со себе.
Охрабрете се самите себеси
Обидете се да разговарате со себе на охрабрувачки начин, слично на начинот на кој сочувствителните тренери комуницираат со своите играчи. Кога користите критички внатрешни монолози, вие сте лош тренер. Овие мисли не се точно мерило за вашите способности и вештини. Тие се обидуваат да ве убедат дека е невозможно да „останете на вистинскиот пат“ без нив. Сепак, тие не ви се потребни.
Однесувајте се кон себе како кон пријател
Кога некој пријател или член на семејството минува низ предизвикувачки период или тргнал по пат што не ги дал очекуваните резултати, како би разговарале со него? Користете го истиот тон на комуникација полн со поддршка, охрабрување и љубезност во начинот на кој комуницирате со себе. На тој начин ќе можете полесно да ги надминете предизвиците, ќе бидете полни со самодоверба, но и со сочувство кон другите.