Неверојатно: Тинејџерка спаси 6 луѓе од самоубиство

Тинејџерка од Сандерленд оставала позитивни и охрабрувачки пораки на мостот Вермаут за луѓе кои се соочуваат со психички проблеми и дошле на мостот со намера да си го одземат животот и со нејзините зборови успеа да спаси шест луѓе.
18- годишната Пејџ Хантер поставила најмалку 40 пораки на мостот, меѓу кои: „Иако работите се чинат тешки, твојот живот е важен“, „Ти си зрак светлина во овој темен свет, затоа издржи.“
Според полицискиот поручник Сара Пит ова е „иновативен начин да се допре до луѓето кои се нашле во мрачен период од животот.“


-Пејџ е толку млада, а покажа огромна зрелост и сметаме дека треба да ѝ се заблагодариме лично. Треба да е горда на себе.
Пејџ, која сега студира на колеџ и работи, доби пофалница од полицијата на Сандерленд.
-Откако почнав да ги оставам пораките, добивам многу коментари од луѓе. Генерално, ми кажуваат дека се инспиративни. Реакциите се фантастични. Не го правев ова за некаква награда, едноставно беше нешто што сакам да го направам, рече Пејџ.
Од 2013 година, уличната патролна служба на полицијата во Нортабрија има тим на полицајци и медицински професионалци кои реагираат во случаи на психичка криза.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.