Неколку начини како да препознаете дали црниот леб е вистински или обоен

Во морето од безброј видови леб што се нудат денес, луѓето често купуваат црн леб врз основа на фактот дека е поздрав од белиот, но не секогаш се сигурни дека е вистински црн леб или само личи на таков.

Сепак, постојат одредени начини кои можат да ви бидат корисни за да го препознаете неговиот квалитет.

Црниот леб има помалку калории од белиот, содржи трици кои во својот состав имаат диетални влакна, содржи скроб и растворливи шеќери.
Кога го јадеме, го зголемува волуменот и нѐ држи подолго сити, црниот леб ги врзува и мастите наместо веднаш да ги таложи во крвта, има дигестивен ефект, побрзо поминува низ системот и притоа ги отстранува токсичните материи.
Покрај сето тоа, црниот леб има повеќе минерали, витамини и протеини од белиот леб. Се произведува од цели зрна пченица или ‘рж и на тој начин ги задржува сите важни хранливи материи.

Црниот леб може да се нарече леб кој содржи најмалку 30% црно или ‘ржано брашно. Кај него самата структура на лебот е компактна кога ќе го пресечете, бидејќи глутенот во лебот е лош и кога се сече се крши и ослободува воздух, затоа црниот леб не е голем како белиот леб и нема дупки во себе, туку е густ.
Црниот, ‘ржаниот или интегралниот леб никогаш не може да биде мек и воздушен како белиот леб, секогаш е помал и погуст, па затоа е и потежок по печењето.

Ќе го препознаете и по тоа што црниот леб е многу повлажен од белиот, уште една причина зошто е потежок. Можете да ја земете средината на лебот, едно парче, и да го потопите во вода. Ако водата се обои, тоа е обоен леб, а не вистински црн леб.
Во црниот леб се додаваат бои, какао, дури и црвено вино и кафе. Црниот леб секогаш мириса поинаку од белиот леб.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.