На социјалните мрежи се појави застрашувачко видео од линијата на фронтот во Украина!
Камерата на телото на војникот ја снимила грозоморната егзекуција на двајца противници кои го фрлиле оружјето и ги кренале рацете во знак на предавање.
- ВРЕДИ се обедини во еден политички субјектКоалицијата ВРЕДИ вечерва на Конгрес во Скопје во присуство на 850… Read more: ВРЕДИ се обедини во еден политички субјект
- Пратеничка удри по британскиот премиер Стармер по тешкиот пораз на локалните избори: „Ако нема друг кандидат за лидер на партијата, ќе го предложам моето име“Британскиот премиер Кир Стармер, кој се опоравува од поразот на локалните избори,… Read more: Пратеничка удри по британскиот премиер Стармер по тешкиот пораз на локалните избори: „Ако нема друг кандидат за лидер на партијата, ќе го предложам моето име“
- Повредениот Хамнеи е надвор од јавноста, но влијае на воената стратегија, проценуваат американските разузнавачки службиАмериканските разузнавачки служби проценуваат дека новиот врховен лидер на Иран игра клучна… Read more: Повредениот Хамнеи е надвор од јавноста, но влијае на воената стратегија, проценуваат американските разузнавачки служби
- Само неправда. Во Кочани уште еден, 42.Марш за ангелитеСемејствата на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на… Read more: Само неправда. Во Кочани уште еден, 42.Марш за ангелите
- Јакимовски за Лукровски: Ако е на боледување, зошто барале да биде избришан од Централен регистар од одговорно лице во Општина Карпош?Поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, со остри обвинувања кон ВМРО-ДПМНЕ… Read more: Јакимовски за Лукровски: Ако е на боледување, зошто барале да биде избришан од Централен регистар од одговорно лице во Општина Карпош?
Војниците, кои, судејќи по нивните ознаки, се припадници на вооружените сили на Украина, ги опколиле противниците, кои потоа ги повикале да излезат од ровот и да се предадат. Од засолништето излегле двајца Руси, еден по друг, но Украинците веднаш почнале да пукаат. Еден од војниците потоа се приближил и пукал кон нив од непосредна близина.
Засега не се знае кога е снимена грозоморната сцена и на кој дел од фронтот.
Некои воени блогери наведуваат дека видеото неодамна било пронајдено на камерата на убиен украински војник од Третата јуришна бригада.
Големиот број видеа од егзекуции кои се појавија на социјалните мрежи во изминатите неколку дена покажуваат дека борбите на првите борбени линии стануваат се побезмилосни.
Во неделата Украина ја обвини Русија за егзекуција на седум воени затвореници во близина на Бахмут. Народниот правобранител Дмитриј Лубинец објави видео од наводниот масакр снимен со извидувачки дрон. На видеото се гледа како припадниците на руските сили ги извлекуваат невооружените Украинци од таканаречената лисичка дупка, по што тие одеднаш почнуваат да пукаат во нив.
Командата на украинските копнени сили неодамна на својот канал на Телеграм објави и видео од извидувачки дрон, на кој наводно се гледа како припадник на руските сили пука во ров во двајца украински војници кои претходно се предале.
Пронајдете не на следниве мрежи:



