Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави дека ќе оди на операција на кила.
Операцијата ќе биде спроведена по вечерашниот состанок на Воениот кабинет, соопштија од кабинетот на Нетанјаху.
Килата била откриена синоќа при рутински преглед.
Министерот за правда Јарив Левин, кој е и вицепремиер, привремено ќе ја преземе функцијата додека Нетанјаху не закрепне.